Skip to Content

За нас

Ние го корегираме системот

Примарната идеја за отворање на независен и невладин граѓански центар беше неправедниот, селективниот и во огромна мера нефункционален систем на многу полиња во владеењето на централната и локалната власт во изминативе неколку години. Првиот чекор беше да креираме организација која ќе го корегира и реконструира системот и сите негови недостатоци, а се со цел тој да стане функционален и неселективен за сите граѓани.

Првата пречка!

Нашата Визија

Нашата визија е свет во кој граѓаните се активни, а лидерите и институциите се одговорни. Тоа е свет во кој ресурсите се користат мудро, одлуките имаат праведна корист за сите, а луѓето водат безбеден живот.

Визијата на КОРЕКТОР е да се корегира досегашниот систем и начинот на владеење,  да се изгради подобро општество со целосно финкционален систем и добро владеење на правото во кое:

Прочитај повеќе

​ТИМОТ НА КОРЕКТОР

Христијан Велков

Претседател

Дипломиран политиколог на факултетот за политички науки при Универзитетот Американ Колеџ, отсек меѓународни односи и дипломатија. Магистранд на факултетот за безбедност, специјалист по меѓународен тероризам и организиран криминал. Искуство во пишување проекти за Европската комисија и Еразмус програмите од 2005-та год.

Бојана Младеновска 

Претседател на Управниот одбор

Дипломирана медицинска сестра на Факултетот за медицински науки при Универзитетот Гоце Делчев. Хуманитарец и младински активист повеќе од 10 години. Проект менаџер за младински политики, екологија, животна средина и климатски промени. Одговорна за Еразмус+ програмите.

Јана Стајиќ 

Член на Управниот одбор

Дипломиран правник на Факултетот за правни науки на ФОН. Моментално магистранд по правни науки. Проект менаџер за човекови права и дискриминација на лицата со физичка попреченост. Има големо искуство и во полето на дигиатлен маркетинг.

Владимир Васевски 

Член на Управниот одбор

Претприемач и претставник на приватниот бизнис сектор, член на Стопанската комора на Македонија. Проект менаџер за финансирање. Организатор на донаторски вечери и бизнис настани.

Вера Вучетиќ 

Член на Управниот одбор

Дипломиран правник на факултетот за правни науки при УКИМ. Завршен тренинг во ELSA за адвокат и нотар. Поранешен правник во адвокатската фирма „Наумов и Менкиноски“. Волонтерско искуство од 4 години во Интернационалниот женски клуб (IWC) во Белград.

Александар Стојменски

Експерт и почесен член

Доктор по компјутерски науки и Доцент на ФИНКИ при УКИМ. Програмски вештини: Git, c#, .NET framework, Java, Objective-C, PHP, Wordpress, Python, Drupal, Flutter, Django Framework, Angular, JavaScript, Android, HTML, CSS. Експерт за дигитализација и дигитална трансофрмација.

Фатмир Ибиши 

Експерт и почесен член

Мастер по менаџмент на човечки ресурси и дипломиран криминолог со 20 години работно искуство во Министерството за внатрешни работи како професионалец во спроведување на законите. Богато 10-годинишно искуство во ODIHR во процесите на изборите и 10 години во меѓународни дипломатски мисии на OSCE како експерт за безбедност и сигурност.

Матина Тодоровска 

Експерт и почесен член

Докторант по правни науки на државниот факултет Јустинијана Прима при УКИМ и поранешен проект-менаџер во Државната комисија за спречување корупција и Секторот за ЕУ интеграции и меѓународна соработка при Министерството за информатичко општество. Има издадено повеќе од 10 публикации како автор и ко-автор.