НАШАТА ВИЗИЈА
Лидерите работат исклучиво за прогресот и интересот на државата, а институциите се целосно транспарентни, дигитализирани и во служба на граѓаните;
Високата корупција е недопустлива и сеќавање на едно темно минато;
Корупцијата на пониските нивоа во институциите е целосно неприфатлива;
Човековите права и слободи се почитуваат во целост;
Нема дискриминација, шовинизам и ксенофобија во било кој облик;
ЕУ интегративните процеси се завршени и како полноправна членка сме дел од европското семејство;
Владее потполна слобода на изразување, медиумите се слободни и независни од влијанието на центрите на моќта;
Изборите се фер и демократски, а граѓаните непречено организираат и учествуваат во процесите на донесување на одлуките;
Младите се во преден план, прекинат е трендот на иселување и континуирано се помага формалното и неформалното образование, претприемништвото, волонтеризмот, нивните идеи и нивниот глас;
Културата и уметноста се составен дел од секојдневието на општеството;
Екологијата и заштитата на животната средина се основни критериуми за развојот.