Галерија
PLAY GREEN, ACT GREEN
Од 2 до 9 јуни 2025 година, 6 волонтери од КОРЕКТОР Македонија учествуваа во Erasmus+ младинската размена “Играј зелено, делувај зелено” која собра 49 млади луѓе од цела Европа во градот Нитра, Словачка.
Проектот се фокусираше на 10-тата Европска младинска цел „Одржлива зелена Европа“ и ги вклучи учесниците во истражување на тоа, како дигиталните алатки и гемификацијата можат да овозможат позелени заедници.
Една од главните активности беше целодневниот Хакатон, каде учесниците работеа во меѓународни тимови за да ги “хакнат” предизвиците на одржливоста користејќи дигитални алатки за создавање образовни игри кои промовираат зелени практики. Крајниот производ на проектот е еден уникатен комплет од алатки кој споделува со вас дигитални алатки кои можат да бидат погодни за користење во гемификацијата. Комплетот алатки исто така ги содржи сите игри кои беа создадени за време на овој проект и кои можат да се споделат со младински работници, наставници и млади.


Y.E. Bold Moves
7 дневна младинска размена во Каљари, Сардинија (Италија) одржана на 23.03.2025, во организација со нашата интернационална партнерска организација TDM2000.
Тема: Младински цели
Семинар
Youth Policy Across Europe
Интензивен 6 дневен семинар наменет за младински лидери и младински работници во Каљари, Сардинија (Италија) одржан на 23.03.2025, во организација со нашата интернационална партнерска организација TDM2000.
Тема: Младинските политики низ Европа
