ПРОГРАМИ

HACK CORRUPTION
Со силна заложба за одговорност и интегритет во владеењето, се бориме против корупцијата на локално, национално и меѓународно ниво, преку детектирање, истражување и мониторинг на процесите кои се случуваат во институциите, но и надвор од нив. Нашата програма предвидува да бара отчет и да врши притисок на институциите по секоја детектирана корупција од страна на здружението или по пријава на граѓани за истата. Исто така, преку легална, правна и советодавна помош, даваме поддршка на граѓаните кои биле и се жртви на коруптивниот систем. Веруваме дека со целосна дигитализација на услугите за граѓаните од страна на институциите, еден дел од корупцијата целосно ќе исчезне.

ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ДЕМОКРАТИЈА
Активна едукација, промоција и одбрана на човековите права и слободи, одбрана на слободата на изразување. Промоција на инклузивноста и различноста за да се унапреди и изгради општа еднаквост и еднаквост на сите маргинализирани групи во општеството. Kорекција на незаинтересираноста и неправедноста на системот за лицата со физичка попреченост и условите кои им недостасуваат за нормално фунционирање – интеграција во општествените процеси. Поддршка за развојот на демократијата, слободните и независни медиуми.

МЛАДИ И МЛАДИНСКА ПОЛИТИКА
Активна вклученост на младите преку промовирање на инклузија, еднакви шанси и подобар квалитет на живот за сите млади луѓе и поддршка на темелите на градење подобро општество за сегашните и идните генерации. Подобар квалитет на формалното образование и промоција неформалното образование и волонтеризмот на национално ниво. Промоција и директна помош на претприемништво за млади, како и обуки за започнување на бизнис идеја и нејзина реализација.

ЖИВОТНА СРЕДИНА И КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Даваме активен придонес за животната средина и го стимулираме интегрирањето на екологијата во развојните стратегии на сите нивоа. Активностите имаат за цел да се зголеми свесноста за ефектите од климатските промени, енергетската ефикасност, обновливите извори и да се афирмира органството производство. Креираме иницијативи за еколошки акции на локално и централно ниво, партиципираме и надвор од границите на нашата земја со партнерски организации на интернационално ниво.

ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Дигитална трансформација пред се на државниот систем, преку интеграција на модерни дигитални технологии во управувањето со јавните услуги и администрацијата - автоматизација на процеси, електронски услуги, подобрување на пристапот на информации, безбедност на податоците, интеграција на системите, образование и наука. Оваа трансформација има за цел да го подобри квалитетот на јавните услуги, да ги намали административните трошоци и корупцијата, а да ја зголеми транспарентноста и одговоорноста на државните институции.

ЕУ ИНТЕГРАЦИИ
Рамноправна членка на Европската Унија - желба на скоро 2 милиони македонски граѓани која трае повеќе од три децении. Како финален дел од нашата визија, со симболичен компас, имаме за цел да ги убедиме лидерите дека ние немаме друг пат и друга алтернатива освен европската. Доколку успееме да извршиме успешна корекција на системот и успееме да ги оствариме горенаведени цели, процесите за европските интеграции ќе бидат успешно завршени и Македонија ќе стане дел од европското семејство.
НАШИ ПАРТНЕРИ
Придружи се на нашата мрежа




