Skip to Content

Волонтери

--Bojana Mladenovska--

Младинскиот ограок на КОРЕКТОР е во потрага по посветени и ентузијастични волонтери кои сакаат да направат разлика во животите на младите луѓе во нашата заедница. Доколку имаш желба да учествуваш во проекти што ги поттикнуваат младите на акција, креативност и личен развој, ти си на вистинското место!

Кој може да се пријави? Сите млади луѓе, без разлика на искуството. Доколку си позитивен, комуникативен и имаш желба да учиш, ти си добредојден!

Како да се пријавиш? Испрати ни кратко мотивационо писмо и раскажи ни зошто сакаш да бидеш дел од нашиот тим. Пријавите се секогаш отворени за млади ентузијасти.

Не пропуштај шансата да бидеш дел од нешто големо и да влијаеш на иднината на младите!

 

Активности

  • Учествување во реални проекти 
  • Комуникација и промоција
  • Иновации и идеи
  • Тимска работа
  • Евалуација на активности

Мора да имате

  • 16-30 години
  • Креативност
  • Позитивен став  
  • Отвореност за учење
  • Основни компјутерски вештини

Предност

  • Лидерски вештини
  • Познавање повеќе јазици
  • Вештини за организација
  • Специјализирани вештини
  • Претходно искуство

Што добивате?


  • Стекнување нови вештини и искуства
  • Можност за личен и професионален развој
  • Поддршка во реализација на идеи и проекти
  • Можност за твојата идеја да прерасне во стварност
  • Пријатна атмосфера и нови пријатели
ПРОГРАМА
Our Product

Програма за работа

->

Што нудиме?


Покрај тоа што сите активности и одговорности ќе бидат поддржани со обуки и ресурси, за да можат волонтерите да се чувствуваат уверено и подготвено за задачите во една пријатна атмосфера, за време на волонтерскиот ангажман нашите волонтери ќе добијат: 

Превоз

Велосипед на користење.

Патување

Учество во младинска размена.

Храна

Ладни сендвичи, кроасани, чиа пудинг. 

Пијалоци

Кафе, вода и сокови во секое време.