Уште не започнати со работа, нашата организација ја почувствува неправдата од нефункционалност и селективноста на системот на своја кожа! Имено, проблемот започна со името (но за среќа овој пат не се работеше за државното име), конкретно со изборот на името на нашата организација... Уствари кога подобро ќе се протумачи, не беше ни името - туку беше описот на името! Ај да почнеме од почеток... Првата идеја за името на организацијата беше да се вика „Центар за функционален систем - Коректор“. Првата забелешка беше од страна на Централниот регистер дека без разлика како ќе започнува името, најпрво мора да стои „Здружение“ па се што сакаш после тоа и поради употреба на зборот „Центар“ (кој во нашиов случај е сосема јасно и недвосмислено дека не се однесува по никако на Општина Центар) треба да побараме од општината да ни дозволи да го користиме... Следствено на тоа, името требаше да биде: „Здружение Центар за функционален систем - Коректор“ - некако не ни оди едно по друго „Здружение“ и „Центар“,,, па ја правиме следнава комбинација „Здружение за функционален систем - Центар Коректор“, со скратено име ЦЕНТАР КОРЕКТОР... И така помина повеќе од месец дена, заглавени во лавиринтите на системот и колатерална штета на административните паразити - статус кво! И покрај секојдневните јавувања од наша страна, ние сеуште немаме ниту усмен, а уште помалку писмен одговор дали имаме решение ако имаме, зошто немаме одобрение ако немаме и до каде е нашиот предмет впрочем!? За наша среќа, а за несреќа на Општина Центар, уште непочнати, веќе го имаме првиот случај за кој сме решени правно, па и судски да го истераме до крај и нормално, ДА ЈА НАПРАВИМЕ ПРВАТА КОРЕКЦИЈА !
28 септември 2024
од
| No comments yet
Bojana Mladenovska
Sign in to leave a comment
Municipality of Centar